Избор кој ја прави разликата!
Кога ќе дојдете, не мора да се грижите за вашиот автомобил, за тоа каде да паркирате, кај нас е на сигурно!.
Не се чувствувајте како да сте на гости, сите сме наши, вратите на нашата вила Ви се отворени со едно правило: „Чувствувај се како дома!“.
Вила Флора Ви го нуди на дланка најубавиот поглед кон градот. Дојдете, уверете се и уживајте во миговите поминати со нас во нашето гратче.
Сместена во пазувите на Бушава Планина, во градот на некогашната Крушевска Република, Вила Флора располага со парно греење, бесплатен WiFi, LCD ТВ и купатило во секоја од собите. Апартманите се опремени со простор за релаксирање, седење и одмор, кабелска телевизија и тераса со поглед кон градот кој не те остава рамнодушен. Вилата се наоѓа на мала оддалеченост (3-4 мин. пешачење) од главните атракции на градот како што се Жичницата и центарот.
Дознајте први што се случува во нашиот град
Во жешките денови кои ни претстојат, уживајте на новата тераса и место за дружење со поглед кон градот
.
Почитувани пријатели, После незаборавните летни авантури, имаме чест и привилегија да Ви го претставиме првиот снежен outdoor настан во Крушево, When in Krusevo – Winter is here! На наше огромно задоволство, Ве покануваме на уникатниот outdoor фестивал When in Krusevo во зимски услови. Повелете на адреналинска снежна авантура низ прекрасната крушевска природа облечена во снежно […]
.Powered by Webgliders